Охридските Колибри претрпеа пораз во дерби мечот од третата кошаркарска лига на гостувањето кај Водно Апаве Санс со 88-67.


Охриѓани солидно му се спортиставија на лидерот на табелата се до последниот период кога домаќините успеаа да ја направат клучната разлика.

Кај колибритe најпрецизен беше Христовски со 20 поени, Павловски постигна 17, Митрески уфрли 14, Наумоски 5, Бојовски и Танаскоски по 4 и Танески 3.

Во наредните две кола охриѓани на домашен терен ги пречекуваат Илинден и Пробаскет.

Ohridnews