Три порази во трите натпревари за македонската репрезентација под 19 години на квалификацискиот турнир за место на ЕП во Романија, кој се одигра во Анталија, Турција.


“Црвен-жолтите“ во натпреварот за бекство од дното претпреа пораз од Унгарија со 4-2. Први дојдовме во предност со голот на Наумчевски во 26 минута. Но по двата досудени пенали и двата црвени картони за Мицески во 36 и Најдоски во 75 минута, унгарците направија пресверт и дојдоа во водство од 3-1. Скрба на два пати од пенал и еднаш Шолноки ја тресеа мрежата на Димовски.


Наеивеснота во мечот ја врати Тимов во 78 минута, додека конечните 4-2 ги постави Маги во судиското надополнување.


Пласман од нашата група на ЕП во Романија обезбеди репрезентацијата на Турција која минимално со 1-0 ја победи соодветната репрезентација на Германија.

М.П.