Македонската фудбалска репрезентација загуби од Азербејџан со 3:1 попладнево во Скопје во пријателски фудбалски натпревар.

Иако избраниците на селекторот Благоја Милевски први дојдоа во водство со голот на Енис Барди од пенал во 25. минута, до крајот на натпреварот три пати ја вадеа топката од својата мрежа.

Стрелци за Азербејџан беа Кафаргулиев (38.минута), Курбанли (65) и Шејдајев (89).

Двете репрезентации натпреварот го завршија со фудбалер помалку поради исклучувањата на Бобан Николов во 52. и Хојат Хагверди во 75. минута.

Пред три дена „црвено-жолтите“ одиграа нерешено 1:1 со Финска, исто така на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

OhridNews
Фото: ФФМ