Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев асистираше за почесниот погодок на Наполи во поразот од Интер 2-1 во дерби средбата од Серија А.


“Нероазурите“ преку Гуарин по нафрлувањето на Касано стекнаа предност од 1-0. Аргентинецот Диего Милито ја дуплираше во финишот на првиот дел.

Од многуте шанси кои ги имаше екипата на Наполи успеа да искористи само една во 54-та минута кога Кавани ја затреси мрежата. Што не беше доволно за поволен резултат од гостувањето во Милано.

Поранешниот фудбалер на Интер, Пандев во игра влезе на полувремето на местото од Гамберини и се покажа како вистинско освежување за тимот на Валтер Мацари.

Резултати : Каљари – Киево 0-2, Интер – Наполи 2-1, Палермо – Јувентус 0-1, Торино – Милан 2-4, Пескара – Џенова 0-2, Сиена – Катанија 1-3.

Табела : Јувентус 38 бодови, Интер 34, Наполи 33, Рома 29, Фиорентина 29, Лацио 29. . .

Мх.П.