Австрискиот тенисер Доминик Тим и Русинот Данил Медведев, ќе ги одмерат силите во финалниот натпревар од завршниот АТП турнир во Лондон.

Тим за влез во финалето го совлада најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ. Австриецот победата ја обезбеди после голема борба во три сетови. Тим поведе со 1-0, а Ѓоковиќ врати за 1-1. Во тај брејк во третиот сет Тим беше подобар и 7-5 го совлада Ѓоковиќ.

Медведев во дуелот со Рафаел Надал се врати од бездната, спасувајќи две меч топки во вториот сет, за потоа да изедначи на 1-1, а во третиот комплетно да го скрши отпорот на Шпанецот.

Финалето во Лондон се игра вечерва во 19 часот.

 

OhridNews