На главниот влез во Охрид, на почетокот на булеварот „Туристичка“ над таблата „Добредојдовте во Охрид“ деновиве е поставена осветлена конструкција во облик на порта.
Портата од сијалички е дел од Новогодишното украсување на градот, кое има за цел да создаде свечен амбиент за туристите и гостите кои ќе дојдат во Охрид за претстојните празници.
OhridNews