Екипата на Порто ја освои титулата во Португалија. “Плаво белите“ во последната рунда против Пакош Фереира ја забележаа победата која беше со шампионски шмек.

Тимот на Бенфика сезонава е вистински трагичар во фудбалскиот свет откако за една седмица остана без трофеј во Лигата на Европа и Примеира лигата.

Токму овие две екипи и Пакош Фереира ќе ја преставуваат Португалија во Лигата на Шампиони додека во Лигата на Европа патуваат Спортигн и Есторил. Од лигата се збогуваа Мореиренсе и Беира Мар.

Мх.П.