За нешто повеќе од две седмици се игра финалето во Лигата на Шампиони, а се уште Европската фудбалска федерација (УЕФА) го нема одредено стадионот-домаќин кој ќе ги нагости Челси – Манчестер Сити.

Прв улогата на домаќин ја имаше Олимпискиот стадион во Истанбул, но епидемиолошката ситуација со коронавирусот во Турција не е сјајна и УЕФА бара нов стадион-домаќин.

Како прва замене влета култнуот стадион „Вембли“, но во Англија на сила рестриктивни мерки и протоколи, кои не дозволуваат патувања. Затоа, „Вембли“ може да испадне од трката и да не биде домаќин на англиското финале.

Од втор план влета Порто односно стадионот „Драгао“. Португалците немаат ригорозни мерки, кога се однесува на патувања и влез во државата, затоа „Драгао“ може изненадувачки да ја добие улогата домаќин на финалето во ЛШ.

Финалето во ЛШ се игра на 29 мај. Домаќинот на финалето во Лигата на Европа каде силите ќе ги одмерат Манчестер Јунајтед и Виљареал останува Гдањск. Мечот се игра во 26 мај.

OhridNews