Португалскиот фудбалски бренд Порто покрај многубројните титули кои ги освојува може да се пофали со неверојатен профит од трансфери.

Во последните десет години Порто од трансферите на повеќе од 20 фудбалери има направено профит од 500 милиони евра. Во сите тие фудбалери кои го напуштиле „Драгао“ биле инвестирани „само“ 68 милиони евра.

Најсвежи сеќавања будат трансферите на Џејмс Родригез и Жоао Мутињо кои за 70 милиони евра се преселија во Монако. Пример како работи Порто е пронаоѓањето на Радамел Фалкао, кој исто така заврши во Монако, но од тимот на Атлетико Мадрид, a милионскиот трансфер на Хулк во Зенит.

“Јорганџиите“ за него на Порто му искешираа 45 милиони евра, а во Португалија од Ривер Плата пристина за минорна цена од 6 милиони.

Порто најмногу пари во една сезона заработи со продавањето на “шампионската генерација“ од 2003 година кога ја освоија Лигата на Шампиони. Тогаш од португалската престолнина заминаа Фереира, Карваљо, Деко, Костиња и Карлос Албертио. 

Мх.П.