Досега вакви известувања добиваа осигурениците на Фондот за ПИОМ во Кавадарци, Струга, Македонски брод, Валандово и Неготино, каде што се спроведуваше пилот проектот насловен „Портокалов плик“ со кој беа опфатени 28.967 осугуреници. Врз основа на анализите и постигнатите резултати се дојде до заклучок дека проектот ги дава очекуваните резултати поради што е одлучено тој да се применува за сите корисници на Фондот за ПИОМ.
Од Министeрството за труд и социјална политика најавуваат дека до крајот на наредната година на секој осигуреник ќе му биде овозможен електронски увид во состојбата со пензискиот стаж и платите.