Портокаловата репрезентација следниве недели ќе преземе 80% режијата од секојдневниот холандски живот. Спортските љубители не се скромни: сакаат, бараат титула. Очекуваат добри резултати, убави акции за голови и атрактивна, непредвидлива, креативна, доминанта, забавна игра. Со помалку холандската публика не е задоволна.
Со вакви притисоци и барања гледачите и новинарите ја испратија екипата на Европското првенство. Меѓувреме маркетиншката машина со портокалово лудило работи и прекувремено. Медиумите се влезени во тешка, и остра конкуренција. Се за Холандија, спорт, забава. Гледачот да се зароби. Тие што не можат да ја поднесат таа светла боја и тие што не сакаат да слушнат за фудбал подобро неколку недели да емигрират.
Интересно како една метафора: една топка, 11 играчи, трева, голови, победа или пораз предизвикаат конфузија и истовремено радост. Во еден живот, во една држава, една улица, една населба или во едно просечно семејство.
Истото се случи во Македонија кога кошаркарите и ракометарите нижеа резултати. То е одлично за Македонија – промоција и добро за народот. За привремени насмевки на лицата, надежи, желби, гордост и признание после долго години тешки економски и политички несигурности. Малата Македонија зрачесе во големата Европа. Благодарение на хероито со топка, труд, храброст, и со пот се бореа на спортскиот терен. Мали но многу важни, вредни средства за добар амбиент.
И Холандија како ладна западна дрзава се гордее со гратис промоција низ целиот свет. Амбасадорите се Весли Снајдер, Робин ван Перси, Арјен Робен, Рафаел ван дер Варт,Марк ван Боммел, Дирк Кајт, Клас-Јан Хунтелар, Ибрахим Афелај. Топ играчи, во топ клубови и топлиги. Со астроносмки плати.
Силвија Ван дер Варт
Моментално во Холандија се зборува повеќе за сопругите на репрезентативците и еден фризер со име Хани Хана кој на повик оди во Полска како личен креатор за портокаловите милионери, да ги среди фризурите пред надпреварот со Данска. Да, то е фудбал во 2012 година. Така е и кај Англичаните, Италијанците, Шпанците, секаде е исто. Се е маркетинг. Фудбалот е како голем театар. Секој што работи во овај бизниз е дел од ова престава. И секој еден со своја улога. Фудбалерите, тренерите, сопругите, фризерите, судите, публиката, новинарите, УЕФА, ФИФА, политичари, спонзори сите заедно играме виртуелна игра со отворени можности и без бариери.
Атмосферата во Холандија како и секогаш за вакви настани е напалена. Сите љубители се подготвени, товарени со надеж и чекаат веселба. Да слават нешто, со ладно пиво, чипс, скари, кикирики. Меѓу пријателите, непријателите, соседите, колегите веднаш завладува хармонија. Сите со истите чувства и цели. За победа. За заедно да гледаат, да имат комуникација, да немат не-слога, привремено проблемите, нервозите, економските математики се ставени во фризидер.
Смешно е што за време на вакви настани исто се појавуваат секакви чудни никогаш неспомнати и мистериозни социолози, филозови, психијатри, педагози, професори по комуникација експерти. Сите нестрпливо пренесуваат свој мисли, теми, пораки, решенија
за подобар живот покрај портокаловата еуфорија.
Исто и политицарите ја “киднапират“ ситуацијава. Министри, пратеници, опозицијата, сите по степено ке се појавуваат на екраните со лигави зборови околу единство и интеграција. То се е точно и не се глупости, навистина е реално и вредно. Само што малце е лесно, ефтино, и плитко. Покрај ваков подиум све да се измесат.
Холандија со години има пракса со фудбалски турнири и луди, смешни весели навивачи. Богата е фудбалска историја. Познати се имињата во седумдесетите, легендите во осумдесетите, звездите во деведесетите и актуелните фудбалери. Едното име е поголемо од другото. И едниот играч е подобар од другиот. Но последниот успех е достигнат во 1988 година.Европски прваци. Конечно. Од тогаш ништо. Елиминации во четвртфинале, полуфинале и финале. Со празни раце. Секогаш се спомнува дека пак си отиде јака талентирана генерација без успех на европско или светско првенство.
Што е проблемот? Треба да им тргне играта, друго ништо. Селекторот Берт ван Марвијк игра напаѓачки , контролирано, секој играч со задача. На пример сега се зборува дека најдобриот центарфор од Бундеслига, Клаас-Јан Хунтелар, неможе да игра заедно со нај добриот стрелец од Премиерлига: Робин ван Перси. Затоа најверојатно еден ке е резерва на клупа. Истото се случува со Ван дер Варт и Снајдер. Заедно не функционираат, и еден ке биде резерва. Робен се мачи на крило, без акции, се очекува конечно да се врати стариот Робен. Контролор е капитенот Марк ван Бомел. Најџелл де Јонг од Манчестер Сити е (со почит) “правосмукалката“ на терен. Големиот талент Ибрахим Афелај од Барселона беше пола година повреден и сега влезе во заразна форма. Дирк Кајт од Ливерпол, подпиша договор со Фенербахче, се шпекулира деке за 3 години во Турција ќе заработи 10 милиони евра. А не е повеќе сигурен за место во првата постава на европсково.
Слаба точка на Холандија им е одбраната. Нови несигурни комбинаци се формираат и не се класични и остро дефензивни. Секогаш се обидуваат на фудбалски начин секоја една топка да ја изиграт, според Холандското школо.
Романтичарите и критицарите велат: Ван дер Варт, Снајдер, Хунтелар, Ван Перси и Кајт да играт сите заедно, е тогаш ќе сме најдобри. Како и секогаш цела Холандија очекуваат дека со ова екипа конечно пак ќе слави нацијата, и заедно со стотини илјади навиваќи, Европската титула ќе се прошета низ каналите во Амстердам.
Стандардно за вакви турнири многу улици со секакви мотиви се портколаво украсени. Сите супермаркети претеруваат со све што е можно да се продава во портакалова варијанта.
Сега и пејачите од втора, трета, четврта и шеста категорија стануваат привремено славни со безвезни фубалски мелоди. Стотини работи моѓат да се спомнат во врска со портокаловата боја. Преку интернет може да се нарачуваат од досада што сакате во портокалова варианта. Самиот пазар прави непотребно претерано лудило. Но народат сака забава. Народот добива забава. Големите компании измислуваат како да го презентираат нивниот производ на бучниот пазар. Од компани за осигурување до авто салони и продавници за бела техника. Стотини милиони евра се вртат овај месец во Холандија. Но од друга страна сопствениците од различни компании не се толку весели со овај фудбал. Според фактите од инспекторите многу работници пред и после натпреварите од Холандската репрезентација се пријавуваат веднаш болни.
3а ohridnews од Амстердам Владо Велјаноски репортер Холандска Телевизија НОС Студио Спорт
Традиционалната велосипедска авантура, планинска вело тура „Вевчанска Голина Локва 2025“ ќе се одржи на 6 јули 2025 година, со почеток во 09:00 часот, во центарот на Вевчани, најавуваат од Еко-свес...
Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е новата аквизиција на ГРК Охрид, информираат од клубот Десното крило (30 год, 191 цм) стави потпис со „Гладијаторите” на миниум 2 години! Ѓукиќ има одлич...
Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година, општината нарача изработка на техничка документација, Основен проект за реконструкција на отвореното спортско игра...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.