Министерството за внатрешни работи-Секторот за односи со јавноста и информации од јавен карактер во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје започна со реализација на првиот од двата модула на “Обуката за обучувачи: Односи со јавност”. Целта на обуката е лицата од Министерството за внатрешни работи кои имаат искуство и знаење од односите со јавноста да се стекнат со вештини истото да го пренесат и на други вработени во организацијата. Меѓу нив е портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Инаку по завршување на обуката предвидено е учесниците да бидат компетентни и самите да спроведуваат успешни обуки на средниот менаџмент во Министерството за внатрешни работи како и на дел од новите кандидати за полициски службеници.
Обуката за обучувачи е дел од проектот “Унапредување на односите меѓу полицијата и јавноста” на Секторот за односи со јавноста и Мисијата на ОБСЕ во Скопје при што целта задржување на позитивниот тренд на перцепцијата на граѓаните за транспарентноста на полицијата како и понатамошно унапредување на истата, информира МВР.
OhridNews