Деновиве, заврши оформувањето на регионалните клубови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА ) во Република Македонија, со што практично почна да функционира ИПА Македонија. Процесот на оформување на ИПА Македонија, се одвиваше под менторство на ИПА Хрватска. Оформени се вкупно девет регионалниот клубови при секторите за внатрешни работи во Република Македонија. За претседател на регионалниот клуб на ИПА при СВР Охрид, избран е Стефан Димоски-портпарол на СВР Охрид.

-Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) е најголемо меѓународно гранковно здружение на полициски службеници од светот, регистрирана при Советот на Европа и О.О.Н. во кое членуваат над 300.000 полициски службеници од 63 земји во светот, истакна Димоски.


Формиран регионален ИПА клуб при СВР Охрид

Членови на ИПА здружението, можат да бидат редовно вработени во МВР на РМ како и пензионирани припадници. ИПА овозможува стручна и професионална едукација, семинари и обуки за членовите на здружението, организирање и учество на меѓународни спортски и други манифестации, бројни попусти за членовите на ИПА и нивните семејства при престој и сместување во странство (на летување и по друга основа), договорени попусти при користење на ИПА куќи и ИПА хотели во земјава и странство, договорени попусти во одредени трговски дуќани,  организирање и учество на културни настани,  организирање на туристички посети за членовите на ИПА и нивните семејства во земјава и странство по поволни цени, подобрување на имиџот на полицијата и др.

-Зачленувањето е на доброволна основа за што, секој член добива меѓународна ИПА членска карта односно легитимација, вели Димоски.


На формирањето на регионалниот ИПА клуб во Охрид, присуствуваше и хрватската делегација на ИПА, под чие менторство се формираат ИПА клубовите во нашпата земја. Претседателот на хрватската ИПА, Миленко Видак, упати честитки кон новормираниот клуб во Охрид и изрази надеж дека ИПА клубовите во Македонија ќе дадат придонес во работата на меѓународната ИПА асоцијација.

Формирањето на регионалниот ИПА клуб во Охрид го поздрави и претседателот на ИПА Австрија Рене Кошар, кој истакна дека ваквото организирање е исклучително важно за припадниците на полицијата.

OhridNews