Портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски, ќе учествува на регионалната конференција „Соработка на Министерствата за внатрешни работи со медиумите и јавноста„ што во наредните неколку дена ќе се одржи во Белград.

Регионалната конференција претставува тренинг програма за портпаролите на Министерствата за внатрешни работи од повеќе Балкански земји, организирана од Министерството за внатрешни работи на Република Србија и мисијата на ОБСЕ во оваа земја.

За значењето на соработката меѓу полицијата, медиумите и јавноста како и за улогата на портпаролите, пред учесниците на конференцијата, предвидено е да зборува Министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ.

На конференцијата ќе се разговара околу усовршувањето во сферата на комуникациите  и односите со јавноста, во контекст на транспарентност на полицијата и отвореноста кон јавноста, за подготовките и техниките на јавни настапи,  односите со медиумите во кризни ситуации, за практицирање на начините на јавен настап и јавно појавување, како и за функционирање на врската помеѓу институциите на системот и јавноста во демократските општества.

OhridNews