Селекцијата на Португалија, Чешка и Шведска се противници на македонските ракометарки во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

Квалификациите започнуваат на крајот од септември месец, а пласман обезбедуваат двете првопласирани репрезентации на табелата. Македонија при ждрепката беше во третиот шешир.

Норвешка и Данска како организиратори имаат обезбедено директно учество, а останатите 14 селекции ќе се дознаат по пат на квалификации.

OhridNews