Селекцијата на Португалија обезбеди место во аналите во новото натпреварување под капата на УЕФА, Лигата на Нации откако триумфираше на завршниот турнир од елитната група. Во финалето „селесао“ ја совлада холандската репрезентација со минимални 1-0 (0-0).

Европските „бразилци“ на европската титула која ја освоија на Европското првенство во Франција 2016 година ја додадоа титулата од Лигата на Нации. Човек на одлука во финалето беше Гонзало Коадес, кој мрежата на холанѓаните ја погоди во 60-та минута од натпреварот.

За триумфот во првото издание од Лигата на Нации домаќинот и победникот на завршниот турнир Португалија ќе инкасира 7,5 милиони евра, додека Холандија заработи еден милион помалку. За најдобар играч на турнирот е Бернандо Силва од селекцијата на Португалија.

OhridNews