Португалците ја контролираа играта во вториот дел, а мечот надвор од дофат можеа да го стават по приликите на капитенот Роналдо. Но најскапиот фудбалер на планетата промаши две колосални прилики, кои и почетник би ги реализирал.
Казната за промашувањата стигна во 82 минута кога повторно Бендтнер со глава ја погоди целта изедначувајќи на 2-2. Португалците беа скоро надвор од турнирот, кога Бенто на местото на Нани го уфрли Варела, кој му возврати со погодок во 88 минута.
По овој триумф Португалија и Данска се изедначија на табелата со по три освоени бода. Во последната рунда, Португалија игра против Холандија, додека Данска игра со Германија.