Порто – Брага ќе играат во финалето од Лигата Европа. До португалското финале екипите стигнаа откако во полуфиналето беа подобри од Вилјареал односно Бенфика.


Порто по убедливиот триумф во првиот натпревар претрпе дозволен пораз од 3-2 и со севкупни 7-3 го визира билетот за Даблин.


Далеку понеизвесно беше во португалската пресметка која ја доби Брага со 1-0. Благодарение на голот против Бенфика на стадионот Луж во првиот меч и поразот од 2-1, Брага се избори за историско финале.

Финалето се игра на 18 мај во Даблин.

М.П.