Полицијата ќе издава писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“ но и во стариот дел од градот, каде високата делегација од Турција, предводена од Премиерот Реџеп Таип Ердоган ќе посетат дел од културно-историските знаменитости на град Охрид. На овој, потег но и на неколку други сообаќајници, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Предвидено е отстранување на неправилно паркирани патнички и друг вид моторни возила како и на оставени предмети од сообракајните површини.
Од страна на полициските службеници, ќе бидат спроведувани и другите законски овластувања како дел од севкупните безбедносни мерки на СВР Охрид.
Со оглед на важноста и значењето на утрешната посета на Охрид на Турскиот Премиер, СВР Охрид апелира до граѓаните на воздржаност односно на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила.