На првиот ден ќе се дискутира на темите од областа на внатрешните работи со акцент на Процесот за стабилизација и асоцијација, визната либерализацоја, борба против организираниот криминал, трговија со луѓе и корупција, а предвидени се и повеќе билатерални средби помеѓу министрите за внатрешни работи, учесници на средбата.
Вториот ден од Форумот на кој учество ќе земат 120 гости од 15 земји, ќе биде посветен на темите од областа на правдата, а на нив ќе се дискутира за: независноста на судството и обвинителството; правната соработка во кривични и граѓански спорови; како и унапредување на соработката со ЕУРОЈУСТ.
Со оглед на големиот број на најавени делегации, министри и високи гости, до среда, кога е најавено заминувањето на делегациите, сообраќајот во Охрид ќе се одвива под посебен режим. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите на полицијата и да бидат толерантни кон ситуацијата.