
Имајќи го во вид значењето на Самитот, како и потребите на граѓаните, СВР Охрид апелира возилата да се употребуваат само кога тоа е неопходно. Заради непречено одвивање на сообраќајот, се молат граѓаните да ги отстранат паркираните возила од сообраќајните и други површини во непосредна близина на Булеварот ,,Туристичка“, „Македонски Просветители“,„ Кирил и Методи“, „Самоилова“, „Коста Абраш“ и „Кузман Капидан“.
Итните и непланирани потреби на граѓаните од овие населени простори потребно е да се пријават во Локалната самоуправа или во СВР Охрид, соопшти полицијата.
Поголемиот дел од делегациите ќе пристигнат утре на охридскиот аеродром. Во Охрид нив ќе ги пречека домаќинот на самитот, македонскиот претседател Бранко Црвенковски кој денеска ќе ги соопшти организациските детали за најголемиот политички самит кој некогаш се случил во земјава.
ohridnews











