По повод свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ и присуството на голем број странски и домашни делегации, СВР Охрид ги ивестува граѓаните и бројните гости во Охрид дека на ден 12.7. 2007г. од попладневните часови до завршување на свеченоста на бул. „Туристичка“ ќе биде воспоставен посебен режим за одвивање на сообраќајот.

Исто така ќе биде забранет сообраќај за моторни возила на просторот околу Антички театар и катедралната црква Св. Софија и на улиците: „Методи Патчев“ „Илинденска“, „Кузман Капидан“, „Коста Абраш“, “Цар Самоил“, „Крум Точков“, Браќа Миладинови“ и „Боро Шаин“.

Се молат граќаните да се придржуваат кон наредбите што ќе ги даваат овластените службени лица за почитување на посебниот режим за одвивање на сообраќајот на наведените улици.

ohridnews