Во периодот од 07.10.2008 година до 09.10.2008 година во Охрид, ке се одржи ,,СЕДМ“- Министерски состанок на Министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа, САД,  и  од повеќе други Европски земји.

Во функција на непречено одвивање на овој значаен настан за Република Македонија и за градот Охрид, како и за натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на подрачјето, СВР Охрид ке преземе низа оперативно-превентивни мерки и зајакната примена на законските овластувања.

Во однос на сообраќајот, заради безбедно движење на делегациите и нивните возила под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила. Мерките за сообраќајно обезбедување веќе започнаа со отстранување на неправилно паркираните патнички и други моторни возила, како и со оставените предмети од сообраќајните површини особено  на Булеварот ,,Туристичка“, во насока кон хотелските комплекси и во централното градско подрачје. На овој потег, нема да биде дозволено запирање и паркирање на секаков вид возила.

Имајќи го во вид значењето на средбата на Министрите за одбрана, како и потребите на граѓаните, СВР Охрид апелира за исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила. За време на Министерскиот состанок, СВР Охрид, ќе презема и други мерки за физичко обезбедување на поширокиот реон и објектите каде ќе престојуваат учесниците на средбата, соопшти полицијата.

ohridnews