Секторот за внатрешни работи Охрид известува дека на 21 ноември 2023 година (вторник), на подрачјето на Охрид и Струга ќе има посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

За таа цел, Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците, стои во соопштението.

Г.М.