Заради безбедно движење на делегацијата и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на сообраќајот.
Во тек се мерките за сообраќајно обезбедување, кои се одвиваат со писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка„ но и во стариот дел од градот, каде членовите на руската делегација ќе посетат дел од културно-историските знаменитости на град Охрид. На овој но и на неколку други сообакајници, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Предвидено е отстранување на неправилно паркирани патнички и друг вид моторни возила како и на оставени предмети од сообракајните површини.
СВР- Охрид апелира до граѓаните на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила.