Охридскиот регион се очекува да добие поголема заштита со новиот Закон за заштита на природното и културното наследство во охридскиот регион за кој е подготвена драфт-верзијата.

Од аспект на заштитата на природното наследство, нацрт-законот е концентриран на повеќе важни забрани. Со новите законски одредби ќе се спречи деградирањето на водотеците, уништувањето на трската која е важна за живиот воден свет, а ќе се забрани и користењето на нафта и други енергенси кои можат да бидат фатални по флората и фауната во Охридското Езеро.

Нацрт-верзијата е на разгледување и дополнување во Министерството за култура, а до крајот на годинава ќе биде ставена на гласање пред пратениците во Собранието.

Инаку, денеска се одбележува Меѓународниот ден за намалување на уништувањето на природата.

А. Р.