Екипите на “Паркови и зеленило”, деновиве, тревните површини во градскиот парк и градскиот плоштад, како што  информираат од јавното претпријатие, ги освежуваат со вештачко ѓубриво НПК, кое служи за прихрана со комплексни минерали и секундарни хранливи материи кои вршат прихрана на вегетацијата.


Со вештачкото ѓубриво се третирани тревниците пред рибниот ресторан, околу споменикот Свети Климент Охридски и по кејот на потегот од пристаништето до холандскиот парк.

OhridNews