Играта на Интер сезонава е “топло ладно“, по доаѓањето на новиот тренер Клаудио Раниери, “нероазурите“ направија позитивна серија и се искачија во горниот дел на табелата во Серија А.

Периодот од 2 февруари до 2 март е  “посен“ за Интер, не само што не победи туку не постигна ниту еден гол. Последниот натпревар кај што Интер ја затресол мрежата е ремито со Палермо во Серија А, 4-4. Од тогаш следуваше “посната“ серија на Интер, зачинета со пет порази.

Серија А : Рома – Интер 4-0
Серија А : Интер – Новара 0-1
Серија А : Интер – Болоња 0-3
Л Ш : Олимпик Марсеј – Интер 1-0
Серија А : Наполи – Интер 1-0

Точка на “посната“ серија Интер може да стави во 26-та рунда од Серија, “нероазурите“ на Џузепе Меаца ја пречекуваат Катанија.

Мх.П.