Речиси сите медиуми во регионот пишуваат за посетата на најбогатиот човек во светот Карлос Слим на Македонија. Стории на оваа тема објавија Танјуг, 24 сата, РТС, Блиц, Б92, Срна, Дневни Аваз, МИНА, како и голем број интернет медиуми.


Според магазинот Форбс, 72-годишниот Карлос Слим трета година е најбогатот човек на светот, пред Бил Гејтс и Ворен Бафет. Неговото богатство се проценува на 69 милијарди долари, а го стекнал во секторот на телекомуникациите, трговијата, финасиите, суровините и енергетиката.

OhridNews