Охриѓани и бројните туристи синоќа имаа можност да се дружат со припадниците за почести на АРМ и да уживаат во возбудливиот настап на Воениот оркестар, кој на плоштадот „Крушевска Република“ изведе повеќе познати дела од светски и домашни автори.

Како што истакнуваат од Министерството за одбрана, настанот се случува во согласност со реализација на планот за цивилно-воена соработка со локалните самоуправи и активност за популаризирање на македонската армија за оваа година.

На концертот му претходеше марш, каде што припадниците на АРМ продефилираа низ охридската чаршија.

Од ресорното министерство информираат дека овие промотивни концерти на Воениот оркестар ќе продолжат и во останатите градови во земјава.

O.T.