Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за 2,5 денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара по литар.
Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 67,5 денари за литар, а Еурсупер БС 98 ќе се продава за 69,5 денари.
За литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се плаќа 52,5 денари, а за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 41 денар. За 1,766 денари поскапува мазутот М-1 ХЦ и килограм од овој енергенс ќе чини 27,402 денара за килограм.
OhridNews