Согласно одлуката на Регулаторната комисја за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за два денари, а нафтата за денар и половина.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 62 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 64 денари по литар, Екстра лесното масло за домаќинство ќе е 37,5 денари по литар, цената на ЕУРО ДИЗЕЛ ќе е 48,5 денари за литар.

OhridNews