Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, цените на бензините се зголемуваат за половина, односно за еден денар, а цената на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство останува иста.

Малопродажната цена на Еуросупер 95 се зголемуа за еден денар и ќе изнесува 62 денари, додека Еуросупер 98 поскапува за 0,5 денари и ќе чини 63,50 денари.

Малопродажните цени на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, остануваат 44 и 32,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,703 денари за килограм и ќе изнесува 16,931 денари.

OhridNews