Од ноќеска поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на мазутот се намалува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новите цени по кои ќе се продаваат горивата се:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 за 79,50 ден/лит.
- ЕУРОСУПЕР БС-98 за 81,50 ден/лит.
- ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 73,50 ден/лит., и
- Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, ќе се намали за 0,426 денари и ќе изнесува 45,285 ден/кг.
OhridNews











