Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

За 0,542 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,011 денари.
OhridNews











