Сo одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 2,5 денари, а на дизелот за 3,5 денари.

Литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 61,00 денар, ЕУРОСУПЕР-98 63,00 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ – 58,50 денари.

За 4 денари ооскапува и екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по  цена од 47,5 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,573 денари и ќе чини  29,522 денари за килограм.

OhridNews