Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Според одлуката цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,00 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 76,00 ден/лит. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по цена од 71,00 ден/лит.

Цена на Екстра лесното масло за домаќинство не се менува и останува 69,50 ден/лит, додека на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг. и ќе изнесува 36,913 ден/кг.

OhridNews