Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензинот поскапува за половина, а дизелот за 1.5 денари по литар.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит. Малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 42,50 ден.

OhridNews