Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за 0,50 денари, а дизелот за 2 денари.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 58 денари, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60 за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 41,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 29,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,389 ден/кг.
OhridNews