Миленикот на македонската публика, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, синоќа, на Антички театар приреди уште едно големо музичко доживување за присутните, кои и покрај дождот и невремето пред самиот концерт, го исполнија просторот до последното место. Стефан Миленковиќ настапи во рамки на фестивалот „Охридско лето“ заедно со виртуозот на хармоника Марко Хатлак и нивниот бенд „Танго Компас“.


После дождот музичка магија на Антички театар

OhridNews