
Оттаму ги повикуваат граѓаните кои имаат право на отпис на долговите, а сеуште не поднеле барање, да се обратат до Центрите за социјална работа во местото на живеење и да го пополнат образецот-барање за остварување на правото на еднократен отпис на долговите.
Потсетуваме дека право на отпис имаат: корисници на социјална парична помош или корисници на постојана парична помош; невработени подолго од 12 месеци (заедно со брачниот другар, доколку е во брак), а кои активно бараат работа, не оствариле приходи поголеми од 105.600 денари во 2013 година и кои не поседуваат друг имот освен стан во кој живеат и лица кои поради сопствен инвалидитет или болест, или поради инвалидитет, болест или смрт на брачниот другар, западнале во финансиски тешкотии и не биле во можност да ги плаќаат долговите.
Се отпишуваат долговите кои настанале до 31.12.2013 година за: Електрична енергија кон ЕВН, топлинска енергија кон Топлификација, Радиодифузна такса – кон МРТВ, кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити – кон деловните банки и штедилниците.
Во општина Охрид барања за отпис на долгови имаат поднесено над 750 граѓани.
OhridNews












