Денеска истекува рокот за пријавување екипи за учество на јубилејното 20-то издание на турнирот во мал фудбал Велгошти 2025.

Пријавување на екипи на тел: 072 751 196 – Благоја I Жиро сметка: 250-0003008837-32 Шпаркасе банка

Котизацијата за учество изнесува 4000 денари, а наградниот фонд на турнирот е 320 000 денари.

Победникот ќе инкасира 200 000 денари, второпласираната екипа ќе добие 80 000, третопласираната 30 000, а четвртопласираната 10 000 денари, информира организаторот.

Ждрепката на групите ќе се одржи вечерва во домот на култура во Велгошти во 20:00 часот.

Г.М.