Денеска е последен ден за пријавување за учество на четвртото издание на меморијалниот турнир на вештачка трева „Климент Колески 2018“.

Пријавувањето за учество на четвртиот турнир во мал фудбал на вештачка трева ќе трае до 10 август. Ждрепката за изгледот на групите е закажан за 12 август, а почетокот на турнирот три дена подоцна.

Учеството на турнирот чини 6 000 денари, а вкупниот награден четврта година по ред изнесува 300 000 денари, плус дополнителни индивидуални награди за најдобар стрелец и најдобар голман.

Повеќе информации за турнирот и пријавувањето на телефонскиот број 078 665 667 или во спортско рекреативниот центар Климент Колески.

OhridNews