Денеска истекува рокот за пријавување на најубаво украсен двор или балкон во Охрид на конкурсот што го распиша локалната самоуправа. Заинтересираните граѓани само уште денеска може да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди, прва во висина од 6000 денари, втора 4000 денари и трета награда од 2000денари.
– Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми: при новогодишното украсување да биде запазена природноста и естетиката на просторот, а значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста, потенцираат од локалната самоуправа.
Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.
OhridNews