Утре истекува последниот рок за аплицирање на Јавниот повик за бесплатно зимување на децата од социјално загрозените семејства.

Според огласот, кој го распиша Министерството за труд и социјална политика, бесплатната услуга за зимски одмор ќе може да ја користат деца од семејства кои се корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и деца корисници на посебен додаток. Со овој повик се опфатени децата кои се родени во период од 1999 до 2004 година, односно децата кои се редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение.

Според најавите, зимувањето ќе биде организирано во текот на јануари и вклучува шест дена активен одмор во Зимско рекреативниот центар на Пелистер, со пет полни пансиони. Во рамки на одморот, децата ќе учат да скијаат и голем дел од времето ќе го поминат на организиран начин. Децата кои се корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот.

За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење.

OhridNews