Утре истекува последниот рок за аплицирање на Јавниот повик кој го објави Министерството за труд и социјална политика за користење на бесплатни  курсеви наменети за деца без родители и родителска грижа и за лица кои до осумнаесет годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа.

-Со овој  проект преку курсевите по анлиски јазик ќе бидат опфатени 400 деца без родители и родителска грижа и лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа, а иста бројка на деца од оваа катаегорија ќе бидат опфатени со курсевите по основи на работа со компјутери. Целта на овој проект е овие лица  да станат поконкурентни на пазарот на труд и побрзо да најдат работа, пишува во јавниот повик.

За користење на бесплатните курсеви  потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење.  

OhridNews