Со Програмата за поставување урбана опрема која Советот на општината ја донесе на17-та седница се предвидува нов начин во поставувањето на тезги, столици, летни тераси особено во текот на летната сезона, за што беше изработен и посебен елаборат. Исто така предвидени се и посебни локации за времено користење исклучиво за поставување сладолед-фриждери, за книги, за уметничка дејност и продажба на сувенири.
За поставување сладолед-фрижидери предвидени се вкупно 22 локации од кои 18 се вдолж Кејот. За продажба на книги предвидени се 5 локации и тоа единствено на потегот „Летница“- „Амам“, 10 локации се за продажба на уметнички слики и уметнички дејности на пешачкиот простор помегу „Летница“ и „Амам“, а 10 локации се одредени за продажба на сувенири и тоа исклучиво на просторот кај „Плаошник“ и Самоиловата Тврдина.
– Основната цел е да се ослободат плоштадите од „панаѓурската“ слика – велат од локалната самоуправа, од каде информираат дека вториот оглас што го распиша општината за прибирање понуди за поставување рекламни паноа, трае до 17ти.овој месец.