Денес истекува последниот рок за аплицирање на повторениот Јавен конкурс кој го распиша Министерството за образование и наука, за доделување на стипендии за ученици од средно образование, кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичка струка.
Според програмата за стипендирање, за учебната 2013/2014 година, планирано е да се доделат 7 вакви стипендии, со месечен износ од 2.000 денари.
Право на оваа стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:
-да се редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичка струка во Република Македонија,
-да освоиле награда за I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на угостителството или туризмот;
-да имаат постигнато минимум континуиран успех од 3,50 во досегашното образование;
-да не повторувале година во текот на образованието;
-да не се корисници на стипендија од други институции или фирми и
-да се државјани на Република Македонија.
Конечниот список со избраните кандидати ќе биде објавена на 15.01.2014 година.
OhridNews