Со започнувањето на работа на надворешниот изглед, подтрибинскиот просто и осветлувањето на трибини во последна фаза влезе реконструкцијата на арената „Филип Втори“.

По завршувањето на реконструкцијата Македонија ќе може да се пофали со современ стадион, а според стандардите „Филип Втори“ се сврстува меѓу најдобрите на Балканот.

Куќата на фудбалот (ФФМ) поднесе апликација до УЕФА за „Филип Втори“ да биде домаќин на Европското првенство 2020 година кое ќе се одржи во 13 различни градови, а со новата реконструкција арената ги исполнува сите „европските“ критериуми.

Мх.П.