
Заради обезбедување оптимални услови за безбедно и уредно одвивање на сообраќајот во Охрид посебно во текот на претстојната туристичка сезона, СВР Охрид денес организираше работен состанок со претставници на Локалната самоуправа, јавните претпријатија, инспекциските служби при одредени Министерства, на такси и другите автопревозници, стопанственици и други надлежни и експонирани структури во креирањето на сообраќајната политика во градот.
Целта на состанокот беше конкретизирање на мерки насочени кон подобрување на условите за безбедно одвивање на сообраќајот на локалните патишта и сообраќајниците низ градот, примена на квалитетни сообраќајни решенија, сузбивање на сообраќајната деликвенција, елиминирање на неповолните состојби и начини за подобрување на сообраќајната инфраструктура на сообраќајниците.
На состанок била презентирана фото документација на сегашната состојба на одделни места (тесни грла во градот) со предлог мерки за подобрување на условите за одвивање на сообраќајот. Во тој контекст СВР Охрид најави дека сообраќајната полиција ќе продолжи со примена на зајакнати мерки кон сите прекршители на одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Ohridnews












